НАМЕСТО АПЧИЊА, НЕКОИ ЛЕКАРИ ПРЕПИШУВААТ ПОЕЗИЈА КАКО ЛЕК ЗА ДУШАТА.

Периодов кога сите ги слават вакцините и гледаат на нив како на потенцијално единствено спасение од заканата од деструктивниот вирус, докторот Норман Розентал верува дека поезијата може да биде вакцина за душата. Многумина од нас, а можеби и сите, потрошивме една година зад нас со залудни обиди да го најдеме најдобриот начин да преживееме, да се соочиме со стресовите, да ги оживееме задоволствата што ни ги украде пандемијата Но докторот го поставува прашањето колку луѓето се свртеа кон поезијата како извор на утеха, поврзаност, инспирација и прифаќање.
Верува дека поезијата може да биде вакцина за душата. Во свет толку преплавен од загуби, толку лишен од задоволства, тој верува дека поезијата може да ги пополни тие празнини, да ни понуди кратко засолниште од неволјите и да се надеваме на подобро утре.
Дијана Раб, психолог и поетеса од Санта Барбара, Калифорнија, напиша на својот блог дека „поезијата може да ни помогне да разбереме дека сме дел од една голема загатка, а не да живееме во нашиот изолиран свет. Пишувањето и читањето поезија може да биде замаец за раст, за лекување, за промена. Поетите ни помагаат да видиме дел од светот на начин на кој не сме навикнати“.
И д-р Рафаел Кампо, поет и лекар на Медицинскиот факултет „Харвард“, верува дека поезијата може да им помогне на лекарите да бидат повнимателни, полесно да развиваат емпатија со своите пациенти и да бидат свесни за човештвото, без кое не постои вистински лек.
Напишав песна една,
за љубовна болка
во градите што кине
а немам сега кому да ја пратам
во сивилото на денот
се изгуби тој,
па помислив ете
на улица негде
место да и најдам,
крај врбите тажни
што животот го минат
подвиткани до крај.
Песната напишана
со солзи врели
од заборавот нека се чува
во ноќите долги
и дните без Сонце
за една младост
за една љубов
за недореченото
за изгубеното
за момата
со срце ангелско што беше

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *