ТРЕТО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ ВОЗРАСНИ КОМАРЦИ И ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција ќе се изврши во текот на наредните денови, од 9-ти до 11-ти август.
Во Општина Гевгелија истото ќе се изврши по следниот распоред:
– На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
– На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
– На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Гевгелија ќе се изврши прскање против возрасни комарци.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.