„НА МАТУРСКА ПРОСЛАВА БЕЗ АВТОМОБИЛ“ СО ОВАА ПОРАКА РСБСП ИМ ЈА ЧЕСТИТА МАТУРАТА НА СИТЕ МАТУРАНТИ

„Не си фраер ако загинеш на матура!“ „Покажи ја матурата на дело!“ „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките со кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им ја честита матурата на сите матуранти.
Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
Со оглед на фактот дека овој викенд се организираат најголем број од матурските прослави во државата, РСБСП со апел, најпрвин до родителите: Постојат многу начини на кој може да им ја честитате матурата на вашите најмили. Отстапувањето на семејниот автомобил е најлошиот и најопасниот начин да им покажете на децата колку ви значи нивната матура. Не им дозволувајте на своите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил, и не им дозволувајте да бидат возени од друг матурант. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални и да се каете за сторената грешка целиот живот, но за жал тогаш ќе биде веќе премногу касно и нема да може ништо да се промени, велат од РСБСП.
РСБСП им ја честита матурата на сите матуранти и апелира на совесност и сериозност затоа што сообраќајот не е игра, затоа што последиците од сообраќајните незгоди се болни, трајни и не надоместливи. На матурска прослава заминете без автомобил, прославете весело, среќно и достоинствено. Среќна матура!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *