МЛАДАТА ЛАНА ТРАЈКОВА ГО ОСВОИ ВИСОКОТО 4 МЕСТО НА ДРЖАВНОТО ШАХОВСКО ПРВЕНСТВО ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА
Лана Трајкова, член на Спортскиот клуб ,,Аурора” од Гевгелија, од 17-ти до 20 – ти јули учествуваше на Државно првенство во шах за слепи и слабовидни лица во хотел Галеб Струга. Во конкуренција на 14 екипи од Македонија, Лана најнапред се пласираше во полуфиналето во женска категорија каде се пласираше во најдобрите 6 шахистки. Потоа, таа настапи и во финалето, каде го освои одличното 4 место. Лана Трајкова беше прогласена и за најдобра шахистка до 18 години во женска категорија, што ќе претставува голем стимул за нејзината натамошна кариера.