ГРАЃАНСКИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА „ПРОМЕНИ СЕ“ И „СПАС ЗА НАС“ ОД ГЕВГЕЛИЈА СО ПРОТЕСТ БАРААТ ОТФРЛАЊЕ НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОТПАД.

Здруженијата на граѓани „Промени се“ и „Спас за нас“ од Гевгелија денес, петок, 25 јуни, одржаа двочасовно предупредувачко поставување барикади на влезовите во градот, од 9 до 11 часот, при што делеа флаери на сопствениците на возила кои влегуваа и излегуваа од Гевгелија, за одбрана на Гевгелија од намерата на власта таа да биде локација за преработка на отпад од увоз. Ристо Камов, граѓански активист и член на Советот на општина Гевгелија и Марина Томова, претседателка на „Промени се“ од протестот упатија барање до пратениците да го отфрлат предлогот на новиот закон за отпад со кој повторно се дозволува увоз на опасен отпад за преработка. Покрај ова, од барикадите, граѓанските здруженија од Гевгелија порачаа надлежните министерства да не дозволат издавање нова дозвола за отворање на рудникот „Казандол“ затоа што јавноста веќе била вознемирена од можноста тоа да се случи поради што најавуваат дека се подготвени со жив ѕид и барикади да стопираат каква било рударска активност на југоистокот од земјата. Граѓаните , велат тие, им порачуваат на компаниите кои се занимаваат со загадувачка индустрија и кои безобѕирно покренуваат судски постапки против здруженијата на граѓани и поединци кои се борат да ја зачуваат животната средина и колективното здравје, дека со тоа ниту ќе ги замолчат, ниту ќе гу уплашат, туку дека ќе ги направат посилни и поодлучни во борбата за зачувување на своите огништа. Доколку пратениците и надлежните министерства не ги послушаат нивните пораки, најавија дека со барикади ќе го блокираат целиот југоисточен регион.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *