79 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО ВО СТРУМИЦА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ ЈАНКОВ – МУЧЕТО ОД СТРАНА НА БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР

Благој Јанков Мучето, на денешен ден во 1944 година загинал во борба со бугарскиот фашистички окупатор на улиците во родниот град. Мучето активно учествувал во подготовките за формирање на партиски организации за Радовиш, Берово и Валандово.
Летото 1944 година бугарскиот окупатор го лоцирал неговото скривалиште, во домот на Спиро Захов во Струмица, а потоа во нерамноправна борба на градските улици, во родната Струмица, херојски загинал Благој Јанков Мучето.
За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1951 година.

Благоја Гане Јанков – Мучето роден е на 3 јуни 1911 година, загинал на 4 јули 1944-та, а за народен херој е прогласен во 1951 година.
По завршувањето на основно училиште Мучето се запишал во струмичката гимназија, а како ученик често бил казнуван и парично, бидејќи зборувал македонски во училиште. По завршување на вториот клас, го прекинал образованието и започнал да го изучува кројачкиот занает. Подоцна неможејќи да најде работа во Струмица заминал во Белград каде се вработил кај модниот шивач за машка и женска облека, Адолф Голгубер.
 
Во Белград, во синдикална акција на растурање летоци, за првпат бил уапсен во 1927 година, како опасен антидржавен бунтовник. Во белградскиот затвор Главњача каде минал шет месеци бил мачен и одвраќан од револуционерната дејност.
По излегувањето од затворот, Мучето се вратил во Струмица каде се ангажирал во организирањето на работниците и синдикатите.
Со своето револуционерно дело се афирмирал како истакнат борец, поради што станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во тоа својство бил упатен за инструктор во источна Македонија, а исто така станал и организатор на првите спротивставувања на бугарската окупациска власт во Струмица во 1941 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *