ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНА „КАЛИНКА 2023“ А ГЕВГЕЛИЈА ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ПРЕСТОЛНИНА НА ДЕЦАТА, МУЗИКАТА И ИГРАТА
Според една легенда кога се отвора калинката, од неа излегуваат стотина деца. Вечерва се отвори 21-та по ред „Калинка 2023“, и на сцената на Народниот театар излегоа стотина деца да пеат и играат за другарството, пријателството, детските игри, детските соништа, остварените и неостварените желби, за љубовта…
Вечерва, петок, на 2 и во сабота на 3 јуни се гала-вечерите, додека во недела, на 4 јуни е Финалната вечер. Таа вечер постхумно е посветена на Ѓорѓи Цуклевски, еден од создателите на фестивалот, кој до одржувањето на јубилејната 20. „Калинка“ беше уметнички директор.