РИСТО АТАНАСОВСКИ, ДИРЕКТОР НА „ФЛОРИТ“:

„ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ЗА ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО -„ИДЕАС“ ОЧЕКУВАМЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТА НА МЛАДИТЕ И СОЗДАВАЊЕ НОВИ ЗЕМЈОДЕЛСКО-ПРЕХРАМБЕНИ БИЗНИСИ.
 
Во Гевгелија, Богданци и Валандово, во рамките на проектот „ Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор “ на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Република Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020”, финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички, во тек се Инфо сесии. Целта на овие сесии е да се информираат сите заинтересирани претприемачи како да аплицираат на повикот за учество во проектот и пријавување на иновативни идеи во земјоделско прехранбениот сектор.
 
Еве што, за самиот проект и очекуваните цели од него, специјално за ВЕЧЕР ни изјави директорот на Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија:
Проектот се стреми да промовира претприемништво во земјоделството со цел да се креираат нови, одржливи агробизниси.
Целта на проектот е да се идентификуваат, поддржат и започнат нови бизниси во земјоделско-прехранбениот сектор, кои имаат иновациски потенцијал и можат да станат мултипликатори, кои ги искористуваат предностите и потенцијалите на регионот.
 
Целна група на проектот е населението од меѓуграничниот регион, особено младата популација која работи во земјоделско-прехрамбениот сектор.
IDEAS се фокусира на паметно земјоделство и производство на квалитетна и безбедна храна. Предвидените проектни активности опфаќаат обуки за примена на теоретски и практични вежби за изучување на алатки за паметно земјоделство, обуки за ЕУ регулативите за здравје и безбедност на храна, набавка и поставување на опрема за паметно земјоделство базирано на LoraWAN технологија, како и мониторинг и техничка поддршка на селектираните бизнис идеи.
 
Од овој проект се очекува 200 млади лица да бидат информирани за можностите за кариерен развој и унапредување во земјоделско-преработувачкиот сектор, 25 апликации на огласот за учество во проектот и пријавубвање на нови идеи, како и 20 млади лица обучени за зајакнување на нивните деловни капацитети и детално осмислување и созревање на нивните идеи во остварливи бизнис модели.“
 
Тој нагласи дека „развојот на секторот позитивно ќе се одрази врз локалната економија, со зголемувањето на вработеноста и со создавање на нови земјоделско-прехранбени бизниси од младите кои сакаат да се вклучат во примарниот и преработувачкиот сектор“. “Паметното земјоделство е концепт на управување фокусиран на користење на напредна технологија во земјоделското производство, која вклучува големи бази на податоци и информатичка технологија за следење, автоматизирање и анализа на операциите”

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *