БЛАГОЈЧЕ НАЈДЕСКИ ПРВ НА ЧЕТВРТИОТ ПО РЕД ШАХОВСКИ „ГРАН ПРИ“ ОРГАНИЗИРАН ОД ШК „7-МИ НОЕМВРИ“

Синоќа во просторијата на Шаховскиот клуб “7 Ноември “беше одржан 4-от по ред Сениорски Гран При “Април 2023”, на кој учество зедоа 16 шахисти.

По одиграни 9 кола Швајцарски систем и темпо на игра 10 мин.+ 5 сек. најдобар беше Благојче Најдески со 7 поени, втор беше Борче Танчев со 6,5, додека третото место го освои Тоше Андонов исто така со 6,5 поени.
 
Клубот им заблагодари на сите учесници на овој турнир за нивното учество,со покана кон сите љубители на шахот да учествуваат на следниот Гран При во месец мај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *