ВО ПОНЕДЕЛНИК, НА 28 МАРТ, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА 25 СЕДНИЦА.

Советот на Општина Гевгелија на 28 март, 2023 година, ќе ја одржи својата 25. седница, на која ќе се расправа за повеќе предлози, заклучоци и решенија поврзани со надлежностите на Општина Гевгелија. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандо,в ќе ги информира членовите на Советот за своето едногодишно работење. Исто така, Советот ќе расправа по Предлог-Програмите за контрола на популацијата на бездомни кучиња на подрачјето на општина Гевгелија и дезинфекција, дезинсекција и дератизација во општина Гевгелија за 2023 година и носењето Одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија за проекти- Поставување урбана монтажна опрема во функција на пазар во н.м. Миравци и Техничка документација за нови регионални проекти.
 
Од областа на урбанизмот, ќе се разгледат неколку иницијативи од баратели за изработка на урбанистички проекти и урбанистичко-планска документација. На дневниот ред за 25. седница, ќе се најдат и финансиските документи и на образовните и културните институции во општината и на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. Седницата ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *