Архимандритот Никодим Царкњас, 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, на 23 февруари 2023 година повторно бил малтретиран и физички нападнат од група млади Грци.
Додека возел кон дома, патот на архимандритот Царкњас бил намерно блокиран од две возила, спречувајќи го да го продолжи да вози, точно пред понтискиот „Црноморски клуб на Алмопија“ во С’ботско/Аридеја. Откако учтиво побарал од групата да ги преместат возилата што му го блокирале патот, тие почнале вербално да го напаѓаат со лични и верски навреди. Тие потоа го засилиле нападот така што му го оштетиле и го скршиле стаклото од автомобилот и се обиделе да влезат во автомобилот за физички да го повредат. За среќа, архимандритот Царкњас успеал да избегне дополнителна повреда и ја напуштил областа што е можно побрзо. Тој веднаш го пријавил настанот во локалната полиција и поднел тужби против сторителите. Очигледно, ова не беше случаен напад, туку планирано и намерно заплашување на постар човек.