ПРОЕКТ ИДЕАС – ПРЕДИЗВИК ЗА СОЗДАВАЊЕ ОДРЖЛИВИ АГРО-БИЗНИСИ

Паметно земјоделство е термин кој сè почесто се среќава во денешно време. Првичната „револуција во земјоделството“ започнува во минатиот век, со примена на нови технологии за наводнување и механизација, употреба на вештачки ѓубрива, создавање култури со поголеми приноси. Денес, слободно можеме да кажеме дека земјоделството доживува втора револуција, базирана на паметно (smart) земјоделство, со примена на информатичка технологија во производството.
 
Паметното земјоделство се однесува на употреба на „интернет во нештата“ (internet of things), сензори, системи за локација, вештачка интелигенција, а целта е зголемување на приносот на културите и на квалитетот на производите, истовремено оптимизирајќи ги природните ресурси и човековиот труд во земјоделското производство.
 
Проектот „IDEAS“ се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси. Помеѓу другото, тоа ќе се спроведува и со изучување и стекнување знаења за примена на податоци собрани од сензори, коишто податоци подоцна се анализираат од софтвер и се превземаат потребните активности за постигнување на посакуваните цели.
 
Активностите ќе се спроведуваат како дел од проектот „IDEAS“ кој што е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички.
 
Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“ го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *