НА 13 ЈУНИ РОДЕН „ПОГЛАВИЦАТА ВИНЕТУ “ ОД ЛЕСКОВАЦ, СРПСКИОТ ГЛУМЕЦ ГОЈКО МИТИЌ

Гојко Митиќ беше најголемата ѕвезда во тогашна Источна Германија, Индијанците го гледаа како свој херој, па дури и еден астероид го носи неговото име. Во Западна Германија тој лик го толкуваше глумецот Пјер Брис
Верувале или не, но славниот Винету кој се здоби со светска слава е Србин! Актерот Гојко Митиќ, родум од областа Лесковац, беше една од најголемите sвезди на источногерманскиот филм во седумдесеттите години.
Толку беше популарен што тој беше вклучен во списокот од 300 личности кои ја обележаа германската историја, рамо до рамо со Бах, Бетовен, Гете, Хегел, Кант, Ајнштајн, Хесе, Ман, браќата Грим, Енгелс, Хајдегер, Маркс, Ниче, Фројд, како и современиците. Борис Бекер, Штефи Граф, Клаудија Шифер, Михаел Шумахер
Винету е измислен јунак на Индијанците од неколку романи напишани на германски јазик од Карл Меј (1842–1912), еден од најпродаваните германски писатели на сите времиња со околу 200 милиони примероци ширум светот, вклучувајќи ја и трилогијата Винету.
Овој актер, роден во 1940 година во селото Стројковце, глумел во повеќе од 40 филмови, најчесто во улогата на Винету, најпознатиот поглавица на Апачите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *