ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ОТВОРИ СОБИРЕН ПУНКТ ЗА ДОНИРАЊЕ ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА И ХРАНА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

Црвениот крст на РСМ во изминатите неколку дена постојано ја следеше состојбата со настаните кои се случуваа по катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, и навремено согласно препораките ги креираше активностите за помош и поддршка на погоденото население. Првичните активности беа концетрирани кон собирање на хуманитарна помош во вид на финасиски средства, со цел наједноставен и брз начин за помош на погоденото население во загрозените подрачја. Заклучно со 10.02.2023 година, низ спорведените активности преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари. Овие средства по завршување на кампањата ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина кои на најдобар можен начин ќе ги покријат потребите на населението.
 
Дополнително, правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош МОЖАТ ДА ДОНИРААТ И МАТЕРИЈАЛНИ ДОБРА согласно ПРИЛОЖЕНАТА ЛИСТА на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: 1. Зимски семејни шатори 2. Ќебиња 3. Греалки на струја/плин 4. Церада (постилка за на земја) 5. Церада (зимска) 6. Вреќи за спиење 7. Столици на расклопување (се претвора во кревет) 8. Креветчиња на расклопување 9. Фенер на соларно напојување 10. Кујнски сетови 11. Храна и средства за хигиена (според стандардите за хуманитарна помош) Задолжително сите донирани артикли да бидат нови и приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).
 
Граѓаните од Гевгелија, Богданци и Дојран, како и околните места НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДАТ ИЗВЕСТЕНИ ЗА СОБИРНИОТ ПУНКТ И МОЖНОСТА ДА ДАДАТ СВОЈ ПРИДОНЕС ВО ПОДДРШКАТА НА ПОГОДЕНИТЕ ЗЕМЈИ. Ги повикуваме граѓаните совесно и одговорно да почитуваат овие препораки со цел ефикасно, навремено и безбедно да биде обезбедена и доставена материјалната хуманитарна помош

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *