БРОЈКИ СО КОИ СЕ ГОРДЕЕМЕ. НАШИОТ ВЕБ САЈТ „НОВА 12“ ВО 2022 ГОДИНА ИМАЛ 91.000 КОРИСНИЦИ А ГО ВИДЕЛЕ 298.285 ПОСЕТИТЕЛИ.

Крајот на секоја година е време кога се подвлекува црта под се она што е направено во годината што изминува. Редакцијата на веб сајтот „Нова 12“ може да биде презадоволна од начинот на кој ја информираше не само гевгелиската туку и македонсклата јавност, а задоволството е уште поголемо кога ги гледаме бројките на сите оние кои го посетиле сајтот и се запознале со неговата содржина.
 
Нашиот сајт има 12.000 корисници и 40.000 прелистувања месечно додека Топ 3 листата на најчитани постови на веб страницата е следната:
 
1. 2505 посетители го прочитале текстот на Ивана Дуева Јанкулова, логопед-дефектолог-„Поради користење мобилни телефони и други дигитални средства, секое трето дете има проблеми со говорот“.
 
2. 2451 посетител имал текстот на д-р Софија Гугова – „Бесплатни дермоскопски прегледи во Општата болница во Гевгелија“.
 
3. 2106 пати бил посетен текстот „Фондацијата Борјан Петковски“ донираше возило на Општата болница Гевгелија“.
 
Бројките од над 90.000 корисници и над 290.000 посетители зборуваат за одличниот рејтинг кој изминатите години го има „Нова 12“ кај публиката, но истовремено е и обврска, наредната година да се стремиме овие резултати да ги надминеме.
 
Затоа, ќе продолжиме и наредната година, како и изминатите 6 години, да ја информираме јавноста објективно за се она што се случува во нашата Општина Гевгелија, пред се на економски, културен, спортски, образовен и туристички план.
 
Нека Новогодишните и Божиќните празници ги дочекате во мир и спокојство, а наредната 2023 година Ви донесе здравје,љубов, радост, и повеќе убави моменти од оваа 2022.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *