ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ПЕЈСАЖИ НА ДЕЈАН ИВАНОВ – МАРГУШ

Изложбата „Пејзажи“ од Дејан Иванов – Маргуш беше отворена синоќа во галерискиот простор на Пионерскиот дом–Гевгелија.
На изложбата авторот се претставува со слики работени годинава. Инспирација на уметникот му е нашето македонско поднебје, односно македонските предели.
 
Отворајќи ја оваа впечатлива изложба, магистер Мирјана Крстева Массети напомена дека оваа изложба на уметникот Иванов подолго време е подготвувана, но поради објективни причини, како што беше ковид ситуацијата, допринесоа дури сега да се создадат услови Иванов да се претстави со самостојна изложба во Гевгелија.
 
Таа истакна дека Дејан Иванов – Маргуш како ликовен уметник не е фигуративен исто и како и неговиот ликовен свет. Тој е апстрактен и неговата експресија е речиси целосно одраз на спонтан несвесен ониризам на битието. Овој наш сликар повеќе сака да насетува отколку да дефинира. На свој начин ониризмот како специфичен слој е присутен и кај последните дела. Тој е инстинктивно импулсивен и колористички афективен.
 
Инаку, Дејан Иванов Маргуш дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година во класата на Јован Шумковски и Рубенс Корубин. Работи и витражи и мозаици. Член е на ДЛУМ од 2005 година. Досега има реализирано повеќе самостојни изложби и има учествувано во неколку групни претставувања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *