20 ГОДИНИ ОД ГОЛОТ НА ШАЌИРИ ПРОТИВ АНГЛИЈА ОД КОРНЕР СО КОЈ ГО ИСПРАТИ ГОЛМАНОТ СИМАН ВО ПЕНЗИЈА
На денешен ден во 2002 година македонската фудбалска репрезентација во Саутемптон го забележа еден од најголемите успеси кога одигра нерешено, 2-2 на гости со Англија, а успехот го зачини неверојатниот гол од корнер на Шаќири.
Голот на Шаќири стави и печат на репрезентативната кариера на Симан. Тоа му беше последен настап во репрезентацијата бидејќи после тој корнер селекторот Ериксон направи смена помеѓу стативите ставајќи го Дејвид Џејмс.