ТРИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОД ПРОГРАМАТА ЗА РАМНОМЕРЕН РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, потпишаа 3 договори за имплементација на проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година во делот на ,,Проекти за развој на подрачја со специфични, урбани и селски развојни потреби”.
Со нив се предвидува Реконструкција на младински дом „Мите Танов-Коми“ с.Богородица – Гевгелија;
Поставување на урбана опрема – контејнери и канти за рециклирање на отпад во градот Гевгелија; како и
Поставување на урбана опрема за детски игралишта во селата Негорци, Прдејци и Богородица.