КОНЦЕРТ НА КВАРТЕТОТ ФЛЕЈТИ „АУЛОС“

Денес, понеделник, на 3 октомври, 2022 година, во Гевгелија ќе гостува квартетот флејтисти „Аулос“ од Скопје. Концертот ќе биде одржан во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 19:30 часот. Влезот е слободен.
 
На програмата за концертот се дела од повеќе композитори, како: Моцарт, Бричалди, Бифтинк, Боца, Бертомис и Гајат.
 
Квартетот флејти „Аулос“ е присутен на македонската сцена речиси 14 години. Низ годините составот на ансамблот се менува, а го сочинуваат дипломирани флејтисти или студенти од класата на реномираниот професор по флејта Страшо Темков. 
 
Моментално дел од квартетот „Аулос“ се четири млади флејтисти: Јана Каевска, Пандорка Јанаќиева, Ангела Димковска и Александар Лолески, кои ја претставуваат новата генерација на квартетот. 
 
За време на своето постоење ансамблот има постигнато значајни резултати како: прва награда на Меѓународниот натпревар по камерна музика во Скопје, 2008 година; прва награда на Меѓународниот натпревар по камерна музика во Ваљево, Србија, 2009 година како и многубројни концерти во земјава и во странство.
 
Квартетот „Аулос“ се ексклузивци на Музичка младина на Македонија, преку што бележат и уште многу значајни концерти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *