ОДЛИЧЕН НАСТАП НА АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ФЕСТИВАЛОТ „РАДОВИШКИ СОБОР“

Одличен настап, награди и признанија за Ансамбл Бојмија на првиот Меѓународен фолклорен фестивал “Радовишки Собор” во организација на ЦК”Ацо Караманов” и Општина Радовиш. 
 
Ансамблот „Бојмија“ пред љубителите на фолклорот во Радовиш настапија со сценската поставка „Седенка“, на музика на Трајко Прокопиев и во кореографија на Глигор Василев.
 
Станува збор за нова и традиционалната манифестација која понуди многу фолклор, забава но и уживање во вкусот на радовишкиот сомун и татлија.
 
Покрај „Бојмија“, на овој фестивал се претставија и домаќините ФА „Ацо Караманов“, ФА „Дионисиус“ од Солун, Република Грција, ФА „Веселие“ од Симитли, Република Бугарија, ФА Центар Жупа“, турски ансамбл од Македонија, КУД „Извор“ од Јегуновце, КУД „Масуна“од Велика Плана, Република Србија и Фолклорното студио „Блажевски“ од Скопје.
 
Инаку, Радовишани со својот традиционален гурмански рецепт ,,сомун,, имаат намера да го потикнат локалниот економски развој. Во овој град се одржа тридневна манифестација на која пристигнаа илјадници посетители а беа потрошени над 15 илјади парчиња рановидни сомуни произведени во традиционални фурни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *