АНДРЕЈ МИЛКОВСКИ ПРВ ВО КЛАСАТА Е2 НА МОТО ТРКАТА „ЗАБЕЛ“ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Викендов, на 28 август на патеката Забел во Општина Старо Нагоричане, во близина на Црквата “Пресвета Богородица” се возеше втората трка од ЕНДУРО шампионатот на Македонија.
Андреј Милковски, возејќи за тимот на Ендуро тим Водно, во категоријата Е2 го освои првотп место без казнени поени, додека Иван Цековски, возејки за Мото крос клуб Гевгелија, во категоријата Е1 се пласираше на третото место.
 
Оваа трка која традиционално се одржува со поддршка на локалната власт има што да понуди во поглед на содржина, а на неа овој пат учествуваа над 25 возачи од Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *