ТОДОР УЗУНЧЕВ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ПОБЕДАТА НА МАКЕДОНИЈА НАД ЛЕТОНИЈА

ДЕНЕС СО ЛУКСЕМБУРГ ВО БОРБА ЗА ФИНАЛЕ НА ЕХФ ШАМПИОНАТОТ
 
Кадетската репрезентација на Македонија ја забележа третата победа на ЕХФ шампионатот во Летонија, откако го победи домаќинот со 33-23. 
 
Победникот беше решен уште по првиот дел кога Македонија имаше плус девет, 21-12, па во второто полувреме можеа да се сочуваат дел од силите за најважните битки викендов.
 
Најдобар стрелец во македонскиот тим беше Тодор Узунчев со седум гола, додека Димковски и Петковски потигнаа по шест погодоци. Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на Луксембург. 
 
Полуфиналниот дуел меѓу Македонија и Луксембург ќе се одигра денес, сабота со почеток од 15:00 часот. Победникот ќе обезбеди пласман во финалето и ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Летонија и Швајцарија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *