РЕКОНСТРУИРАНО КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ „ИВАН ПЕНОВ“

Денеска со скромна свеченост и кошаркарски мини натпревар се одбележа завршувањето на реконструкцијата на кошаркарското игралиште „Иван Пенов“. Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во присуство на граѓани, кошаркарски работници и млади кошаркари, како и на Христијан Мицковски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека е задоволен што младите со оваа реконструкција ќе добијат модерно игралиште, на кое е поставена модерна подлога по сите ФИБА стандарди. 

Средствата за оваа реконструкција се од Буџетот на Општината од Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти, која ја подржаа советниците на Советот на Општина Гевгелија.
Тој упати благодарност во свое име и во име на сите советници до фамилијата на прерано починатиот кошаркар Иван Пенов, кои беа иницијатори и кои дадоа огромен придонес во реконструкцијата на овој кошаркарски терен.
 
За наредниот период, Сарамандов најави реконструкција и на фудбалските терени на Негорските бањи, за тренинг на сите категории фудбалери на ФК „Кожуф“, како и на надворешното игралиште на ДТВ „Партизан“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *