Општинската организација на Црвен крст Гевгелија заедно со волонтерите од Клубот на млади организираат Летно кино 2022 кое ќе трае во текот на целиот летен период. Секоја недела, нова кино проекција на филмови на врвните македонски режисери. Место за гледање филмови во лето е „Динќут“. Со проекција на филмови за сите генерации под ведро небо, велат организаторите, тие сакаат да го вратат духот на летното кино во Гевгелија, кое за жал повеќе го нема.
Првата проекција од „Летно кино 2022“ ќе се одржи во четврток, на 14-ти јули, во 20 часот кога ќе биде прикажана македонско-италијанската безвременска акција и комедија “Бал-кан-кан”. Бал-кан-кан е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги. Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на XXVII Московски Меѓународен Филмски Фестивал одржан во 2005 година