ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕДНАТ 220 ПРВАЧИЊА, ЗА 14 ПОМАЛУ ОД ЛАНИ.

Заврши уписот за првачиња за новата учебна 2022/2023 година во основните училишта во Гевгелија и населените места. Оваа година, во прво одделение се запишаа 220 дечиња, од кои:
93 во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ( 90 во градот и 3 во подрачното училиште во Моин),
90 во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија (77 во градот, 3 во подрачното училиште во Мрзенци и 10 во подрачното училиште во Богородица,
22 во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци ( 17 во Негорци, 4 во подрачното училиште во Прдејци и 1 во подрачното училиште во Кованац) и
15 во ООУ „Климент Охридски“- Миравци ( 11 во Миравци, 3 во подрачното училиште во Давидово и 1 во подрачното училиште во Милетково).
 
Уписот беше задолжителен за децата кои до крајот на декември, 2022 година, ќе наполнат 6 (шест) години, односно задолжително за сите деца родени во текот на 2016 година и за оние кои сакаат за деца родени во текот на јануари, 2017 година.
Уписот се изврши од 1 до 31 мај, 2022 година, во основните училишта во општината, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *