Вчера и денеска Битола имаше ретка прилика да биде дел од светските трки кои имаат одличен рејтинг. Имаше тркачи од 20 држави, што е големо признание за организаторите.
Настапија 250 натпреварувачи на 20 и 40 километри и секако на најинтересната трка на 104 километри.
На трката на 20 километри каде настапија над 100 тркачи, учество зедоа и членовите на АК „‘-ми Ноември“ од гевгелија, Димче Андреев и Мики Петровски, кои ја истрчаа патекат и се задоволни од својот пласман.
Златко Димитровски, технички директор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, изјави: -Организацијата на ваква трка не е мала работа, а претходно ние како тим бевме на повеќе трки нив Балканот и Европа и направивме трка со висинска разлика од 6.300 метри, која е најтешка трка на Балканот, со врвни тркачи.