ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА АНСАМБЛОТ БОЈМИЈА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА РУСАЛИСКИТЕ ИГРИ ВО ГЕВГЕЛИСКО

Во Народниот театар во Гевгелија, утре, среда, 15 јуни, ансамблот Бојмија ќе го одржи својот 18-ти по ред годишен концерт . Овој ансамбл, кој е еден од најдобрите репрезенти на македонската фолклорна традиција се одликува со оригинален пристап во презентирањето на народниот фоклор. Формиран во 2004 година од група млади ентузијасти и вљувеници во фолклорот.

 ансамблот го носи името според етничкиот предел Бојмија, предел во кој спаѓа и Гевгелиската котлина. Во ансамблот „Бојмија“,членуваат членови од најразлични возрасти и истиот брои околу 140 активни членови. Репертоарот на „Бојмија“ е разновиден, тој негува игри и песни од сите краеви на Македонија. До сега , ансамблот Бојмија има настапувано на голем број фолклорни манифестации во земјата и во странство, од каде се враќал и со голем број на награди и признанија.

Освен дел од својот богат фолклорен репертоар, ансамблот Бојмија, на овој концерт ќе го промовира и проектот „Обновување на русалиските игри во гевгелиско““, проект кој е создаван на терен со голем број на разговори со населението во Миравци и Петрово. Русалиите се народен обичај и обредни игри што се изведуваат во времето на Некрстените денови од Божик до Водици.

Најдолго се одржале во јужна Македонија, од Гевгелско до Солунско. Според верувањето, во овие 12 дена, наречени уште и Погани денови, но и Ристосови денови, активни се демоните, поради што народот изведувал разни магиски дејствија за заштита, вклучително и русалиски обреди и игри.
Концертот, кој е поддржан од Министерството за култура и Општина Гевгелија започнува во 20 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *