МИГРАНТ ОД АВГАНИСТАН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Дваесет и четиригодишен мигрант од Авганистан е пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија.
 
Како што соопшти МВР, вчеравечер во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото.
 
Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24-годишен мигрант од Авганистан.
Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *