НА РЕГИОНАЛНИОТ ТУРНИР НА МЛАДИТЕ ФУДБАЛСКИ НАДЕЖИ, ФУДБАЛЕРИТЕ НА „КОЖУФ“, ГЕНЕРАЦИЈА 2012 ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО

Младите „петлиња“ на ФК „Кожуф“, генерација 2012 година, под тренерската палка на Трајче Ников, го освоија првото место на завршниот регионален турнир во Детската лига, кој се одржа на Градскиот стадион во Гевгелија. Во финалето тие ги совладаа своите генерациски противници од ФК „Џокер 2018“ со 3-0, и со тоа покажаа дека ФК „Кожуф“ не треба да се грижи за својата фудбалска иднина.
 
Инаку, регионални шампиони за генерацијата 2011 станаа младите фудбалери на „Академија Пандев“, кои во финалето беа подобри од екипата на „Хоризонт Турново“ со 6-1. Истата екипа беше најдобра и меѓу фудбалерите генерација 2013, овој пат во финалето беа совладани фудбалските јуниори на ФК „Беласица“ со резултат 4-2. Во конкуренција на најмалите фудбалери, генерација 2014, првото место им припадна на ФК „Плачковица“ која со 4-1 ги совлада „петлињата“ на ФК „Џокер 2018“ со 4-1.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *