ОБЈАВЕН ОГЛАСОТ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Во СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија за учебната 2022/2023 година според утврдени наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми, и тоа, за:
 
Гимназиско образование, вкупно 4 паралелки со 134 ученици, со една билингвална паралелка, македонско-француска
 
Стручно образование,
 
Сектор – Економија, право и трговија,
– Економски техничар/бизнис администратор, 1 паралелка со 25 ученици (соработка со компаниите КОЛВЕКО ОФИС ДООЕЛ Гевгелија, ЈПКД Комуналец Гевгелија, Консалтинг Хрисми, Општина Гевгелија)
 
Сектор – Угостителство и туризам,
– Хотелско-туристички техничар, 1 паралелка со 25 ученици
– Готвач/Келнер, 1 паралелка со 25 ученици , (соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДПТУШ Боко ДООЕЛ, МД ТОП ГРУП 2018 ДОО, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО-РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија)
 
Сектор – Машинство
– Машински техничар за моторни возила, 1 паралелка со 25 ученици
– Автомеханичар/Заварувач, 1 паралелка со 25 ученици (соработка со компаниите ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија, ВИДИА ВАНЕ ДООЕЛ Гевгелија, АМД Гевгелија, ЦТП ГРУП)
 
Сектор – Здравство и социјална заштита
– Физиотерапевтски техничар/Гинеколошко- акушерска сестра, 1 паралелка со 25 ученици.
 
При пријавувањето учениците ги поднесуваат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и
наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI do IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од
мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и
наставни предмети што се од значење за струката, насоката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените,
– потврда за вакцинален статус на ученикот издадена од службата за вакцинација
Пријавувањето со потребните документи се врши лично од ученикот или родителот, односно
старателот.
 
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://euslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
 
Прво пријавување и запишување:
● 14 јуни 2022 г. до 24:00 часот и
● 15 јуни 2022 г. до 15:00 часот.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16 јуни 2022 година на https://e- uslugi.mon.gov.mkи на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 16 јуни 2022 година од 12:00 до 19:00 часот и на 17 јуни 2022 година од 7:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и наwww.mon.gov.mk.
Квалификационото тестирање ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 20 јуни 2022 г. А конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 20 јуни 2022 г.на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
 
Второ пријавување и запишување
● 21 јуни 2022 г. до 24:00 часот и
● 22 јуни 2022 г. до 15:00 часот.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 јуни 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 јуни 2022 година од 12:00 до 19:00 часот и на 24 јуни 2022 година од 7:00 до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и наwww.mon.gov.mk.
Квалификационото тестирање ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 27 јуни 2022 г. А конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 27 јуни 2022 г.на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk
 
Трето пријавување и запишување
● 28 Јуни 2022 г.до 24:00 часот.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2022 година на https://e- uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Доставувањето на потребната документцаија до училиштето е на 29 јуни 2022 година од 10:00 до 19:00 часот согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
 
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштето ако има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 22 август 2022 г. до 24.00 ч.
Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 23 август 2022 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет странатwww.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 23 август 2022 година од 10:00 до 19:00 часот согласно изготвен распоред од училиштето. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 август 2022 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *