СОВЕТОТ НА ЕВРОПА, МИСИЈАТА И ПАТОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ГИ ВКЛУЧИ ВО ЕВРОПСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
Советот на Европа прифати да го вклучи патот на Свети Кирил и Методиј во културното наследство на Европа.
Денешниот ден на Кирил и Методиј, кога се сеќаваме на темелите на словенската писменост, нè тера да се запрашаме колку сме писмени денес, во време на брзи промени и големо влијание на социјалните мрежи.
На некој начин, паметните луѓе го доживуваат својот јазик и писмо како своја татковина, чии граници треба да ги зачуваме, прошириме, со непоколеблива потреба да шириме знаење и вештини за доброто на целата нација.
Во оваа културна рута на Свети Кирил и Методиј не е вклучено само она што е директно поврзано со Кирил и Методиј, туку и какво е нивното наследство во сите земји низ кои тие поминале, вклучително и во Македонија.
Денот на словенската писменост и култура традиционално се слави на 24 мај во спомен на Кирил и Методиј, мисионери, културни и политички дипломати, творци на првата словенска азбука – глаголицата. Тој ден е празник во целиот словенски свет.