ОДРЖАНА 9-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Снимка од 9-та седница на Советот на Општина Гевгелија ќе емитуваме на нашиот веб портал tvnova12.mk утре, сабота, 30 април 2022 година со почеток од 16 часот.
 
Советот Општина Гевгелија денеска , на 9-та седница, ги усвои Извештаите од реализацијата на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2021 година.
 
Исто така, членовите на Советот донесоа предлог-одлуки за прифаќање на неколку иницијативи: за измена и дополнување на УП за село Прдејци- Блок 5, за изработка на измена и дополнување на ДУП за дел од блок 10.2, за изработка на измена и дополнување на дел од Блок (1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7) од УП за село Богородица.
 
На 9 седница, се прифатија предлог-измените и дополнувањата на Програмата за изработка на УП во Гевгелија за 2022 година и предлог-измените и дополнувањата на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година. Беше усвоен и Годишнот финансов план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито “- Гевгелија за 2022 година, Извештајот за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Гевгелија за 2022 година и Програмата за работа на работното тело за 2022 година, Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот од 1 јануари до 31 декември, 2021 година и Завршната сметка на Јавното комунално претпријатие за 2021 година.
На оваа седница, советниците поставуваа советнички прашања на градоначалникот Андон Сарамандов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *