ДА ЖИВЕЕ ТАНЦОТ“ – ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ТАНЦОТ!
Светскиот ден на танцот ја промовира танцовата уметност ширум светот, како начин за уметничко изразување, но и начин на комуникација кај многу култури. Танцот го практикуваат аматери и професионалци, уживајќи во ритамот на музиката.
Светскиот ден на танцот се обележува од 1982 година, под покровителство на УНЕСКО. На овој датум е роден францускиот пејач, кореограф, зачетник на модерниот танц и еден од најдобрите танчери Жан Жорж Новер (29.04.1727 – 19.10.1810), кој воедно е и автор на делото „Писма за танцот и балетот“ кое го потврдува како еден од најголемите танцови реформатори.
„Ние танчерите сме постојано во движење и се стремиме да ги создадеме тие незаборавни моменти. Ова е она што секој танчер се стреми да го постигне без оглед на жанрот.
Танчерите обично се слават заради нивната физичка вештина, но всушност, нас повеќе не одржува нашата ментална сила, вели Жан Жорж Новер.
„ На денот на танцот посакуваме, за сите, континуиран развој на подобар „свет на танцот“ кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.
Би сакале во иднина: Посебен третман на танцот во полето на културните политики; Бројни и разновидни танцови продукции; Нови простори и институции за танцова уметност; Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчерии изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нèозначува насекаде…
Посакуваме и во иднина да танцуваме и да го славиме танцот во сета својаразноликост, разновидност, многузначност и многуслојност…
Да живее танцот!“, порачуваат македонските танчери
Основната идеја на овој ден е да се потсети јавноста на танцот како уметнички облик на изразување и уживање во неговата универзалност која ги надминува сите политички, културни и етички препреки.
Прегледи: 303