ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија го организират по втор пат во Тирана “Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Република Албанија”.
 
Фестивалот ќе се одржи в недела, 17 април 2022 година со почеток во 16 часот, во амфитеатар Тирана, големиот парк кај вештачкото езеро во Тирана
– Оваа манифестација е од големо значење за нас Македонците во негувањето на традициите и фолклорот. 
Ќе настапат фолклорни групи од Голо Брдо, Гора и Мала Преспа со македонски традиционални ора од овие области. Гости ќе ни бидат театарот „Скрб и утеха” од Скопје, сцени од проф. д-р Тихомир Стојановски и актерот Страшко Милошевски, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден”.
 
Првиот фолклорен фестивал на Македонците во Албанија беше одржан на 9 јуни 2019 година. Поради пандемијата и антиковид-мерките, фестивалот не се одржа во минатите две години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *