СО ВОЗ ОД ЛИСАБОН ПРЕКУ СКОПЈЕ И ГЕВГЕЛИЈА ДО ПАРИЗ ЌЕ СЕ СЛАВИ ЕВРОПСКАТА ГОДИНА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА.

Connecting Europe Express ќе пристигне во Скопје и во Гевгелија на 14 септември 2021 од Ниш, потоа ќе продолжи до Солун.
Вкупно 20.000 километри ќе мине возот наречен Connecting Europe Express кој ќе патува низ Стариот континент оваа есен откако ЕУ ја прогласи 2021 година за година на железницата.
Почетната станица е португалската престолнина Лисабон и тоа на 2 септември, а крајната дестинација е Париз каде возот треба да пристигне на 7 октомври. Ќе мине низ 26 држави застанувајќи на 70 места, а сето тоа за 36 дена.
 
„Патувајќи низ континентот, од Лисабон до Букурешт и од Берлин до Париз, Connecting Europe Express ќе оди по рутите кои нѐ поврзуваат сите нас – било како држави, бизниси или луѓе. Додека претставува симбол на поврзаноста, овој воз истовремено служи како потсетник дека пред нас е долг пат и многу работа да се заврши за железницата да стане превозно средство по избор за Европјаните“, вели Адина Валеан од ЕК.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *