ДЕЦАТА ОД ГЕВГЕЛИЈА СО МАСКЕНБАЛ СИ ГО ПРОСЛАВИЈА 1 АПРИЛ, ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Општина Гевгелија и Пионерскиот дом во соработка со основните училишта и детските градинки денес го организираа детскиот маскенбал „Априлијада 2022“. Шеталиштето во центарот на Гевгелија, по двегодишна пауза поради ковидот беше преполно со маскирани деца од градинките „Детска радост„ , „Цветови„ и „Сончогледи„ како и од основните училишта „Крсте Мисирков„ и „Владо Кантарџиев„, кои со својата имагинација во подготовката на маските ги одушевија многубројните присутни на оваа традиционална манифестација.. Жири-комисијата ќе нема лесна задача да ги оцени презентираните групните маски. По завршување на манифестацијата, на 5 најдобри групни маски им беа доделени награди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *