ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА „АПРИЛИЈАДА 2022“ ЗА ДЕЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА
ОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, по повод Денот на шегата, организира Априлијада. По двегодишната пауза поради КОВИД-19, на 1 април, петок, на Градскиот плоштад во Гевгелија повторно ќе дефилираат маскирани ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“ и ООУ „Крсте Мисирков“, како и дечињата од детските градинки. Планирано е групните маски да пристигнат во 10:00 часот, на Градскиот плоштад, каде жири-комисија ќе го оценува презентирањето на групните маски. По завршување на манифестацијата, на 5 најдобри групни маски ќе им бидат доделени награди. Доколку временските услови не дозволат Априлијадата да се реализира на отворено, комисијата ќе го изврши оценувањето во училиштата и детските градинки.
Настанот е поддржан од Општина Гевгелија, преку Програмата за финансирање на културните активности во 2022 година.