24 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ТУБЕРКОЛОЗАТА

Црвениот крст на Република Северна Македонија секоја година на 24 март го одбележува Светскиот ден на туберкулозата со цел да се подигне јавната свест за туберкулозата, која продолжува да биде голем глобален здравствен проблем.
.Оваа година, ја одбележуваме 140-годишнината од објавата на д-р Роберт Кох во 1882 година за откривањето на бацилот на ТБ, причинителот на ТБ.
 
Светскиот ден на туберкулозата 2022 година е можност да се фокусираме на успесите и достигнувањата, истовремено изразувајќи предупредување за закана од туберкулозата отпорна на лекови и последиците предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.
 
Темата на Светскиот ден на туберкулозата 2022 година е „Инвестирајте за да се стави крај на туберкулозата. Спасете животи“ и ја пренесува итната потреба да се инвестираат ресурси за да се засили борбата против тубекулозата.
Туберкулозата (ТБ) убива околу 4.000 луѓе секој ден, меѓу нив 700 деца. Тоа значи дека 3 лица умираат од ТБ секоја минута! Но, со навремено дејствување, можеме да ставиме крај на оваа болест што може да се спречи и да се лекува.
 
Во Република Македонија се забележува пад во бројот на вкупните активни случаи, но сепак годишно се појавуваат новодијагностицирани. Сепак поради континуираното опаѓање на бројот на случаи значи дека здравствените кампањи против туберкулозата биле ефикасни. Но, и покрај не толку многу високиот број на случаи на оваа болест во нашата држава, таа сепак не треба да биде заборавена, при што континуираната едукација и вакцинација за оваа болест треба да продолжат непрекинато.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *