ПРОЛЕТТА ОВАА 2022 ГОДИНА НИ ДОАЃА УТРЕ, НЕДЕЛА, НА 20. МАРТ
После зимата која не личеше на зима, најомиленoто годишно време , пролетта 2022 година пристигнува во Македонија утре, во недела, 20 март 2022 година, во 11 часот и 30 минути.
Оваа година, пролетта трае до 21 јуни во пет часот и 32 минути, односно 92 дена, 17 часа и 54 минути, по што – започнува летото!
Иако досега сме навикнати пролетта да ја дочекуваме на 21 март, сосема е нормално датумот повремено да варира, и секогаш е еден ден пред да настапи пролетната рамнодневница.
Рамноденицата, кога денот и ноќта траат исто, настапува секоја пролет и секоја есен. Оваа година таа подрани еден ден, па така утре е денот кога денот и ноќта траат подеднакво, односно по 12 часа.