Неодамна во Општина Гевгелија, на иницијатива на градоначалникот Андон Сарамандов започнаа да се одржуваат групни часови за учење на свирење на гитара и бас гитара за заинтересираните деца на возраст од 9 до 15 години.
Часовите се одржуваат од понеделник до четврток, попладне, од 17 до 19 часот во ЈОУ Дом на култура „Македонија“, односно во просториите на Народниот театар, а ги води Костадин Динев. Како што не информираше самиот Динев, часовите ги посетуваат над 20 деца кои сакаат да научат да свират гитара или бас гитара.
За почеток, вели Динев, изучуваме акорди и ритам, и може да кажам дека децата се многу посветени и вредно навлегуваат во тајните на свирењето на овој инструмент.