Отстранувањето на маските во основните училишта е една од трите мерки препорачани од Комисијата за заразни болести. По состанокот на експертите од Комисијата за заразни болести беше констатирано дека носењето маски веќе не би требало да биде задолжително за основците, туку само за воспитно-административниот кадар од основните училишта, а Протоколот за изолација доколку некој ученик е позитивен на Ковид-19, се предлага да остане ист.
Во затворените средини како што се сали за венчавки, опери, театри, кина и други од 50% од просторот колку што беше дозволен за пополнување, да се зголеми на 75%т.
Препорачано е да не се бараат сертификати за вакцинација за влез во отворени простории. Од комисијата сепак апелираат граѓаните да не се откажуваат од вакцинацијата.
За овие три препораки се очекува да се одлучува на следната владина седница.