АКЦИЈА ЗА ЗАСАДУВАЊЕ НА 4.000 САДНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „CHANGEMAKERS“
Во петок, на 4 март 2022 година, Здружението „„CHANGEMAKERS“, во соработка со ЈП Национални шуми-Шумско стопанство „Кожув“ ќе организираат акција за пошумување. Како што не информираа од Здружението, акцијата ќе се спроведе на веќе подготвен терен од страна на Шумското стопанство – Кожув во близина на Новата депонија кај Ново Конско. Од нивна страна се обезбедени и 4.000 садници на црн бор и багрем, кои ќе бидат засадени на површина од половина хектар.
Сите граѓани, Невладини организации и Здруженија кои сакаат да земат учество во оваа акција, треба да дојдат во петок, на 4 март, во 8,30 часот пред црквата во изградба кај Ново Конско. Доколку временските услови бидат неповолни, акцијата ќе биде организирана во друг термин за кој Здружението „CHANGEMAKERS“ дополнително ќе ги информира сите заинтересирани.