Членовите на АК „7-ми Ноември“Валентина Узунова, Методија Ичев, Мијалчо Андоновски, Благојче Темелковски, Мики Петровски и Димче Андреев денеска, недела, 20 февруари, беа дел од 150-те учесници кои на Плачковица ја трчаа трката Chupino Winter Vertical 2022. Сите постигнаа одлични резултати, Методија Ичев ја заврши трката за 1 час и 13 минути, Мијалчо Андоновски постигна време од 1 час и 52 минути, Димче Андреев, исто 1 час и 52 минути, додека Валентина Узунова со време од 1 час и 29 минути го освои првото место во категоријата Ветерани.
Чупино вертикал е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 км со дозволена отстапка од 5-10%.
Tрката беше со должина од 5500 м и висинска разлика од 1030 м. Стартот беше од центарот на с. Блатец во 10.00 часот, а финишот на врвот Чупино, Плачковицва, без временско ограничување.
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое јасно ја обележува Виница на спортската мапа на Балканот.