ЛАЗО САМАРЏИЕВ, ПРВ ГЛАС НА ГЕВГЕЛИЈА ЗА 1970 ГОДИНА. ВТОРО МЕСТО ЗА ЛЕНЧЕ КОЛЕВА А ТРЕТО ЗА СОФЧЕ ЛАЗОВСКА
Да ве вратиме малку во минатото . Долгогодишниот дописник на весникот „Вечерни Новости“, сега веќе покојниот Томе Кусеников, на 5 декември 1970 година го испрати следниот прилог:
„Во организација на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, во мотелот „Инекс“ крај Вардар се одржа традиционалниот фестивал за избор на најдобар пејач од подрачјето на Општина Гевгелија.
Првиот глас за 1970 година е Лазо Самарџиев, второто место го освои Ленче Колева а третото и припадна на Софче Лазовска.
На овој фестивал учество зедоа најдобрите пејачи на забавна музика од сите населени места на подрачјето на оваа општина.“