ВО ДЕНЕШНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА СОБРАНИ 31 КРВНИ ЕДИНИЦИ ОД ОВАА ДРАГОЦЕНА ТЕЧНОСТ

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина,  во просториите на Народниот театар Гевгелија денеска организираше Крводарителска акција. Во Акцијата, која  беше спроведена со поддршка од волонтери од Клубот на млади при ООЦК Гевгелија, учество зедоа 31 крводарител, при што беа собрани 31 крвни единици.

Од Општинската организација се задоволни од одзивот и  изразуваат голема благодарност до сите крводарители кои и во овие времиња ја покажаа својата хуманост на дело. Од таму се надеваат дека и со оваа акција ќе помогнат во оваа кризна состојба да се спаси нечиј живот со дарувањето на крв. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *