БРАЌАТА УЗУНЧЕВИ, РАКОМЕТАРИТЕ НА РК „ПАРТИЗАН 2016 СПОРТ“ СЕ СЕЛАТ ВО РК „АЛКАЛОИД“ !

Како што ни соопштија претставниците на РК „Алкалоид“, од Скоје, од 1 јануари 2022 година, едни од најдобрите гевгелиски ракометари, браќата Тодор и Димитар Узунчеви, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот македонски ракометен клуб, РК „Алкалоид“. Од овој клуб ни изјавија дека наскоро ќе излезат и со официјална информација.

Тодор Узунчев е роден 2004 година а Димитар Узунчев, 2005-та година, и играат на позициите лев и десен бек. Се работи за извонредно талентирани млади играчи на гевгелискиот ракометен прволигаш „Партизан 2016, а за тоа зборува и фактот што минатата година, тие, како најмлади, се најдоа на поширокиот список на селекторот Кире Лазаров на ракометари, од кои  се правеше селекција на играчите за настап на кадетскиот ЕХФ шампионат во Македонија во август 2021 година.

Ова е големо признание, не само на браќата Узунчеви, туку и на гевгелискиот ракометен клуб „Партизан 2016“, кој успеа да изнедри од својата ракометна школа вака талентирани ракометари.  Да им посакаме на браќата Узунчеви и во новата средина да постигнуваат уште поголеми успеси и признанија.

Новиот македонски ракометен клуб, РК „Алкалоид“, е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности. Дел од ракометниот клуб Алкалоид е и македонскиот селектор Кирил Лазаров, кој ќе биде, еден од соработниците на клубот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *