На денешен ден 1941 година, македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба.
Живееше во стан на шести кат во Софија. Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.
Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во македонската литература. Неговата песна Глас од Македонија е една од најпознатите револуционерни песни во македонската литература.
Последниот ден од животот на Неделковски го опишал неговиот другар Волче Наумчевски: На 1 септември вечерта, во мансардата во која живеел Наумчевски пристигнале четворица: еден студент од Чехословачка, Коста Рацин (изморен, облечен во рабонтичка облека), еден студент од Кукуш и самиот Наумчевски.
Подоцна, околу полноќ дошол и Коле Неделковски, кој го разбудил студентот Атанас од Кукуш, а почнал да го буди и Рацин, но Наумчевски го спречил во тоа и му предложил Рацин да остане во мансардата, зашто бил многу уморен.
Околу 4 часот изутрината, на 2 септември, полицијата почнала да тропа по вратите на становите на мансардата при што се слушале викотници, трчање по скалите, кршење врати, а потоа и детонација. Кога се разденило, во станот на Наумчевски дошла полицијата и сите присутни слегле долу и полицијата ги наредила на еден ѕид. Неделковски лежел на тротоарот, мртов, покриен со ќебе, а крвта сè уште течела по него.
Наумчевски и Рацин се погледнале и тивко си шепнале: „Збогум, Коле!“ Неколку дена по овој настан, Наумчевски успеал да влезе во собата на Неделковски и оттаму зел две книги – една на Пушкин и една на Лермонтов – натопени со крвта на Неделковски, но подоцна тие биле уништен.