83 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ УМЕТНИК ГЕОРГИ ЗАРЛИНОВ

Зарлинов е роден на 6 април 1941 година во Смоквица, Гевгелиско. Средно уметничко и Педагошка академија завршил во Скопје. Се вработува како професор по ликовна уметност во СОУ „Јосиф Јосифовски“, а од 1985 година продолжува со работа како професор во ООУ „Владо Кантарџиев“, каде работи се до своето пензионирање. Член бил на ДЛУГ и учесник на повеќе групни ликовни изложби во Гевгелија, Скопје, Прилеп. Велес, Дојран, Охрид, Струмица…
Познат е по неговиот специфичен, реалистичен ликовен израз на сликање на македонски етно мотиви и фрески, кои и ден денес будат воодушевување кај сите вистински вљубеници на ликовната уметност во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *