80 ДЕЧИЊА УЧЕСТВУВАА НА „ОТВОРЕНИТЕ ЗАБАВНИ ШКОЛИ“ ВО БОГОРОДИЦА

По одржувањето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Мирче Костов“- Богородица, организаторите ЗГ „Митко Ќаев“- Баче од Богородица за првпат ги одржаа „Летни забавани игри“, на спортскиот центар „Мирата“ во населеното место. На настанот учествуваа околу 80 дечиња од 6 до 12 години, имајќи можност да се запознаат со спортот преку спортски активности, со цел да се поттикне спортскиот дух кај нив. Во реализацијата на проектот беа вклучени повеќе млади волонтери- тренери и асистенти кои им помогнаа на дечињата да спортуваат, да се едуцираат и забавуваат. Освен спортските активности, во соработка со ОВР- Гевгелија и ТППЕ- Гевгелија, претставници од службите им одржаа едукативна сесија на дечињата за нивното работење. Исто така, беше ангажирано возило на прва помош и доктор во случај на интервенција. Организаторите упатија голема благодарност до сите соработници за непреченото одржување на мини верзијата на Open Fun Football Schools во Богородица, како иницијатива и реализирана замисла со една цел- спортски активности за најмалите.
May be an image of one or more people, people playing football, people standing, ball and grass
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *