64 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МЕТОДИЈА АНДОНОВ-ЧЕНТО, ПРВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРЕЗИДИУМОТ НА АСНОМ

“Загубив се,материјално пропаднав,мојата политичка кареира ја започнав како чорбаџија а ја завршив како слеп сиромав.
Децата се веќе 10 години без моја помош и лишени од помошта на заедницата поради мене.
Му наредиов на синот да прекине со студиите од економски причини. Жената ја упропастив наполно и таа се разболе.
Изгубив 9 години личен живот, истргав најмизерни понижувања,осуден сум за тоа штоне сум го сторил,од глад сум паѓал во несвест,сум издржал 9 години казна,ќе излезам поголем злосторник од германските гестаповци кои го запалија целиот свет.
Од сето тоа ми остана човечкото достоинство,и тоа сакаат да ми го земат.
Јас не жалам оти ќе умрам,само ми е мака што немам време да напишам некои работи кои што историјата на Македонскиот народ треба да ги одбележи,не затоа што јас сум учествувал во тие настани,треба да знаат како се одвивала борбата за нашата слобода и да знаат кој и зошто гинел и кој што направил за неговата слобода.“
Методија Андонов Ченто
На 24 јули 1957 година во Прилеп умрел М. А. Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умре како маченик, а рехабилитиран е во октомври 1990 година. Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година.Поради неговата функција претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто често се именува и како прв Претседател на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *